Стопанска банка за девет месеци оствари добивка од 1,3 милијарди денари

16

stopanska-banka-logo

Стопанска банка АД Скопје прикажа добивка од 1.350.185.000 денари за периодот од први јануари до 30 септември оваа година, покажуваат податоците од билансот на успех, објавен на Македонска берза.

Банката во истиот период минатата година оствари добивка во висина од 818.759.000 денари, што е зголемување од 5,3 милиони денари.

Нето приходите од камати се 2.321.755.000 денари, додека во истиот период лани вредноста на ова конто беше 2.076.244.000 денари.