Стотина средношколци на отворените денови на Македонска берза

21

otvoreni denovi dren

На 10-ти и 12-ти овој месец, се одржаа Отворени денови на Македонска берза, коишто берзата ги реализира во пресрет на одбележување на 20-годишнината од првиот ден на тргување.

Берзата ја посетија стотина ученици од средното економско училиште Васил Антевски Дрен, кои покрај презентацијата на нејзината историја и начинот на функционирање го проследија и тргувањето во живо и беа сведоци на берзанските трансакции.

Целта на отворените денови на Македонската берза е запознавање и на младата популација со улогата и начинот на функционирање на берзата, како и со улогата и значењето на останатите институции на пазарот на хартии од вредност.