Странските туристи во Турција најмногу трошеле за храна

18

turcija

Странските посетители кои престојувале во Турција во третиот квартал од годината (јули, август, септември), најмногу потрошиле на храна и пијалаци, јавува Anadolu Agency (AA).

Според податоците што АА ги доби од Институтот за статистика на Турција, во третиот квартал од годината, Турција ја посетиле 12.063.311 лица, од кои 2.596.802 иселеници.

Во периодот јули, август, септември, приливот на средства од туризмот изнесува околу 8,3 милијарди долари, од кои околу 5,9 милијарди се од странските посетители, додека 2,4 милијарди се трошоци на иселениците.

Од вкупниот прилив во туризмот, 6,6 милијарди се средства од индивидуални трошоци (околу 72,9%), додека 1,6 милијарди се трошоци направени од корисниците на пакет аранжманите (дел кој ѝ припаѓа на Турција).

Ако се разгледаат трошоците реализирани од странските посетители во Турција, најголем дел, 1.131.158.000 долари отпаѓа на трошоци за храна и пијалаци. Потоа следат 754.769.000 долари за престој, 714.126.000 за меѓународен превоз, 601.317.000 за облека и обувки, 435.483.000 за внатрешен транспорт (во рамките на Турција), 238.158.000 за сувенири, 98.403.000 за здравство, 95.136.000 долари за спорт, образование и култура.

Странските посетители за туристички услуги потрошиле 22.232.000 долари, додека за купување теписи, килими и слични предмети потрошиле 20.374.000 долари. Останатите трошоци изнесуваат 182.093.000 долари.