Стратегија од која многу се плашат: Нов економски модел – на удар големите компании

166

Долго време, аналитичарите ја припишуваа политиката на кинескиот претседател Си Џинпинг и неговата почит кон Мао Це Тунг како “политичка сценографија“, но најновата анализа на Волстрит Журнал за списите и говорите на Си сугерира дека треба да се сфати посериозно.

Тоа е токму стратегија која вклучува екстремно агресивна државна интервенција во економијата која има огромен потенцијал да стане најголема во светот. Ова означува промена во последните 40 години, за време кое кинеските лидери создадоа простор во кој “дејствуваат“ пазарните сили, и од кој се зголеми приватниот сектор, пренесува Yahoo News.

Си, од друга страна, покажа дека е сè повеќе идеолошки “охрабрен“, секако повеќе од неговите претходници, а неговата реторика во последните години покажа колку е посветен да напаѓа големи компании и да го прераспределува богатството меѓу населението, пишува Волстрит Журнал.

Тие, исто така, посочуваат дека Си не се обидува целосно да ги избрише пазарот и силите на пазарот (на пример, според некои извори, тој сака да ги остави малите и средните претпријатија да продолжат да се развиваат), туку сака да ги препушти во рацете на Кинеската Комунистичка партија која ќе ги “насочи“ парични текови и ќе го запре создавањето огромни профити од претприемачи и инвеститори.

“Тој мисли дека се движи кон нов вид на систем што не постои никаде во светот“, рече кинескиот економски експерт Бери Наутон за Волстрит Журнал.