Стресот е “калоричен“ колку и дупли хамбургер

122

Стресот ни стана секојдневие, но тој има големо влијание врз квалитетот на животот. Експертите го проучуваат односот меѓу стресот и промена на тежината кај луѓето и открија дека тој и анксиозноста го поттикнуваат човечкиот организам повеќе да јаде.

Истражувањата велат дека стресот може да ни донесе околу 300 калории, што е исто како да сме изеле еден дупли хамбургер.

Стресот предизвикува зголемување на нивото на кортизол, а освен тоа, тој предизвикува и налет на глад што доведува до прејадување. Па така, лицата кои се под стрес, не само што се анксиозни, туку и постојано ја зголемуваат својата тежина.

Покрај сè, стресот и висококалоричната храна, го забавуваат метаболизмот што предизвикува складирање, а не согорување на мастите.

Фото: Pexels