Стрмен пад на биткоинот

113

Биткоинот забележа најголем пад во последните 10 дена, поради распродажбата што се проширила и другите помали дигитални валути.

Вредноста на биткоинот, што важи за најголема светска криптовалута, забележа пад од 13% на 16.317 долари, од максималните 19.521 долари. Според последните податоци, во овој момент биткоинот се тргува по вредност пониска за 8%.

Во текот на оваа година, биткоинот ја зголеми вредноста за околу 150%, достигнувајќи ниво што е скоро колку неговиот најголем рекорд од 19.666 долари.

Фото: Freepik