Струјата поскапува за 7,4%

37

Цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар се зголемува за 7,4%, а граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат евтината тарифа во истите период како и досега, потврди денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски, пренесува МИА.

Поскапување на струјата, како што кажа, побарале сите електро-енергетски компании заради проблемите што ги предизвика кризата со коронавирусот Ковид-19. ЕСМ, додаде, има намалување на приходите од продажба на вишоци на електрична енергија од 17 милиони евра, а МЕПСО намалување на приходите од 11 милиони евра.

Фото: Freepik