Струмичко поле прикажа 5,3 милиони денари добивка

denari-1

Акционерското друштво Струмичко поле, во период од први јануари до 31-ви декември лани, оствари добивка во висина од 5.303.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2015 година, компанијата прикажа 19.478.000 денари добивка.

Вкупните приходи од продажба, од јануари до декември 2016 година, достигнаа 139.151.000 денари. Од тој износ, на домашен пазар се реализирани 45.635.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓаат 93.516.000 денари.

Основна дејност на Струмичко поле е производство и продажба на земјоделски култури, како што се: жито, асталско грозје, вино, ракија и други земјоделски производи.