Студенти на ФЕИТ освоија прва награда на меѓународен студентски натпревар

27

feit 1Тим студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) освои прва награда и златен пехар на меѓународниот студентски натпревар Robo TEC организиран од Политехничкиот универзитет во Темишвар, Романија од 10-ти до 14-ти април оваа година.

Александар Лазаров и Мартин Стојановски, студенти на насоката ЕРПС при Институтот за електроника на ФЕИТ, ја примија наградата од претседателот на стручното жири професорот Хуберт Рот од Универзитетот во Сиген, Германија.

На натпреварот учествуваа околу 300 студенти и 21 екипа во четири дисциплини. Освен тимот на ФЕИТ, на натпреварот учествуваа екипи од пет романски универзитети, од Темишвар, Ореада, Хунедоара, Решица и Клуж-Напока.