
Анализа на 800.000 автомобили во Европа покажа дека хибридните возила всушност ја загадуваат животната средина речиси пет пати повеќе отколку што покажуваат лабораториските тестови, според најновата студија.
Податоците покажаа дека хибридните возила испуштаат само 19 проценти помалку јаглерод диоксид од бензинските и дизел автомобилите, додека според лабораториските тестови, овие возила ја загадуваат животната средина 75 проценти помалку од стандардните возила, според истражувањето на непрофитната група „Транспорт и животна средина“, објавува „Гардијан“.
Европските производители на автомобили ги промовираа хибридните возила (PHEV), кои користат електрични батерии покрај моторот, како средство за транспорт што ги намалува емисиите на штетни гасови.











