Stvar(a)oteka – библиотека за предмети

27

Фото: CeROG

Во Србија е планирано отворање на библиотека за предмети под името Stvar(a)oteka, пишува порталот Recikleri Srbije.

Библиотеката на предмети функционира на сличен принцип како и вообичаените библиотеки за книги, но наместо книги, се позајмуваат предмет што се користат само повремено. Како такви предмети може да бидат алати, опрема за спортски активности, електрични уреди и слично. Предности од користење на овој вид библиотека се: штеди пари, простор во домот, го намалува отпадот, а воедно ја поддржува солидарноста и соработката.

“Насочени сме кон животната средина во градовите, млади и човековите права. Сакаме да развиеме соседска солидарност и во исто време да поддржиме развој на нови навики кај луѓето, кои ќе го намалат неговото штетно влијание. За постигнување на цел, ја насочивме идејата за пренесуваме на концептот библиотека на предмети, што постои во други земји и нејзино воведување во Србија“, велат од Центарот за регенеративна одржливост на градовите.

Планот е оваа библиотека за предмети да биде отворена во Нови Сад, а концептот може да се примени и во други места во Србија.