
Анализата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) покажа дека вкупните субвенции за нафта, гас и јаглен во 2022 година изнесувале 7 трилиони долари, што е еквивалентно на 7,1 отсто од глобалниот бруто домашен производ (БДП).
Според веб-страницата на меѓународната финансиска институција, експлицитните субвенции кои ја намалуваат цената на горивото за потрошувачите се зголемени, бидејќи владите ги поддржуваат потрошувачите и бизнисите за време на светскиот скок на цените на енергијата поради војната во Украина.
ММФ нагласува дека богатите семејства имаат значително поголема корист од овие субвенции отколку сиромашните.
Исто така, се наведува дека субвенциите за фосилни горива се зголемени за два трилиони долари во последните две години, бидејќи експлицитните субвенции се повеќе од двојно зголемени на 1,3 трилиони долари.
Анализата на ММФ, исто така, покажа дека бензинот и другите нафтени деривати сочинувале половина од експлицитните субвенции во 2022 година, фосилниот гас со 20 отсто, додека јагленот учествувал со 30 отсто, при што 80 отсто од јагленот се продавал по цена помала од половина од неговата реална цена, пренесува Танјуг.
Земјите кои најмногу субвенционираат според ММФ се Кина, Соединетите Американски Држави, Русија, Европската Унија и Индија.
Се додава дека истражувачите навеле дека реформите за субвенционирање треба постепено да се воведуваат со цел да се избегнат политичките реакции и да бидат успешни, притоа да се обезбеди финансиска поддршка за лицата со ниски приходи и продуктивно да се користат зголемените приходи.
Фото: Pixabay











