SunWireless склучи договор за соработка со SBB

25

Logo na SWНајголемиот Wi-Fi провајдер во Македонија, SunWireless, објави дека е потпишан договор со SBB, водечки регионален телекомуникациски оператор и член на United Group, најголемата телеком групација во Југоисточна Европа.

Во наредниов период промотивно сите корисници на SunWireless ќе можат со при-пејд картичките кои ги употребуваат во Македонија да користат Wi-Fi сервис и во Србија, користејќи ја хотспот мрежата на Unifi/SBB која брои над 200 хот-зони на голем број ексклузивни локации.

“Среќни сме што на нашите корисници успеавме да им обезбедиме квалитетен Wi-Fi сервис секогаш кога ќе престојуваат во соседна Србија и посебна чест ни е што соработуваме со SBB како еден од водечките оператори во регионот. Се надевам дека оваа соработка ќе се развива и во иднина пред се на задоволство на клиентите на двете компании”, изјави Душко Кончалиев, извршен директор на SunWireless.

Со овој договор, SunWireless продолжува да ја шири својата роаминг хотспот мрежа во регионот и на своите корисници да им обезбедува квалитетен сервис на безжичен интернет секаде каде што се тие присутни.