Супер брз кредит на Капитал банка

175

super-brz-kredit

Фото: Капитал банка

Капитал банка АД Скопје официјално стана достапна до сите клиенти од сите градови низ земјата и им овозможи на сите постоечки и нови клиенти да аплицираат и користат кредитни производи без да дојдат во експозитурата на банка, стои во соопштението.

“Водејќи се од реалните потреби на клиентите да им заштедиме време и простор беше креиран првиот банкарски кредит што овозможува бесконтактно потпишување на документацијата за кредит. Откако ќе биде одобрен кредитот, секој клиент избира на која трансакциска сметка во која и да е банка ќе бидат префрлени средствата од кредитот“, велат од банката.

Сега само во неколку чекори клиентите можат да аплицираат за износи на кредити до 60.000 денари, со рок на исплата до 12 месеци од било кој уред, мобилен телефон, таблет или компјутер и од каде и да посакаат.

“Олеснувајќи ги сите процеси, посета во банка, многу документација, жиранти и административни забрани, креиравме производ што може да ги задоволи барањата на пазарот и веруваме во успешноста на проектот. Капитал банка продолжува со активности и реализирање на веќе започнати проекти коишто се во насока на дигитализација на работењето на банката и веруваме дека истото ќе придонесе за унапредување на нашите клиенти на секое поле“, велат од Капитал банка.