Surface Duo од Microsoft – смартфон со двоен екран и Android оперативен систем

48

Microsoft го претстави дизајнот на Surface Duo, паметен телефон со двоен екран на склопување.

Смартфонот, наместо Microsoft Windows, го користи оперативниот систем на Google, Android, пишува Dezeen.

Двата екрана имаат димензии од 14,2 сантиметри, а дизајнот овозможува отворање и затворање во средината, како книга.

Паметниот телефон може да се користи и како таблет и лаптоп, но и како гејминг котролер. Двата екрани истовремено можат да прикажуваат различни апликации, што овозможува корисникот да прави повици додека запишува потсетници на другиот екран.

Според Microsoft, Surface е сосема нова категорија за персонална технологија.

Новиот уред ќе биде достапен во продажба кон крајот на 2020 година.

Фото: Microsoft