Светот ќе го “заплиска“ нов бран економска криза во 2025-2026 година

115

Светот ќе го “заплиска“ нов бран економска криза во 2025-2026 година, се наведува во извештај на рускиот цента за макроекономски анализи и краткорочни прогнози. Според мислењето на економистите, моменталните пакети за економска поддршка даваат поттик на пазарите, што со тек на време може да предизвика нивно “прегревање“, a економиите може да ги “излади“ само циклична рецесија.

Експертите сметаат дека кризата во развиените земји би можела да започне порано. Според нив, три внатрешни сценарија за Русија предвидуваат нова индустријализација, социјален пресврт или стабилизација. Главни проблеми во тој период ќе биде борбата со сиромаштијата и зголемената продуктивност на работната сила.

Според главното сценарио за развој на светската економија, експертите прогнозираат крај на пандемијата на средината на оваа година, темпото на раст на светскиот бруто домашен производ на околу 4% и зголемени цени на нафтата на 82 до 85 долари за барел до крајот на деценијата.

Конзервативното сценарио, што претставува “структурна криза“, претпоставува дека пандемијата ќе продолжи до средината на следната година, стапката на раст на БДП ќе биде на ниво од два до 3% годишно и преминот на пониски цени на нафтата од 50 до 55 долари за барел во првата половина, со зголемување до 65 долари до 2030 година.

Експертите сметаат дека нема сомнеж дека економски развиените земји наскоро ќе бидат погодени од рецесија бидејќи досега одвојуваа големи износи за борба против пандемијата.

“Ништо не е бесплатно: таквото ‘лекување’ на почетокот може да биде слатко, но подоцна може да предизвика негативни последици. Многу од нив и сега се видливи: тоа се однесување на ‘прегревање’ на пазарот, на почеток на инфлација и во развиените земји. Можно е кризата да почне порано“, смета Олег Буклемишев, директор на Центарот за истражувања и економски политики на Московскиот државен универзитет.

Фото: Pexels