Светска банка: Без струја живеат 1,2 милијарди луѓе

14

strujaСкоро 1,2 милијарди луѓе во светот живеат без електрична енергија, а уделот на обновливата енергија во светската потрошувачка порасна само малку во последниве 20 години, пишува во извештајот на Светската банка и Меѓународната агенција за енергија.

“Од 1990 година се забележува скромен напредок во зголемување на уделот на обновлива енергија и подобрување на енергетската ефикасност”, пишува во соопштението на СБ.

Меѓу 1990 и 2010 година, процентот на луѓе без струја во светот падна од 24% на 17%, но тоа подобрување не е доволно, особено во Индија, која е најпогодена од овој проблем.

Во овој период 1,7 милијарди луѓе за прв пат добија пристап до електрична енергија.