Светска банка: На економијата ѝ треба долго време за да се врати како пред пандемијата

26

Закрепнувањето на глобалната економија од коронавирусот ќе биде многу бавно, изјави високиот економист на Светска банка, Патрик Кирби.

Според него, стапката на раст можеби никогаш нема да се врати на нивото пред пандемијата.

Според економистите, ситуацијата во многу земји низ светот може да се спореди со најлошите последици од финансиската криза во периодот 2008-2009 година и покрај позитивните резултати од третиот квартал, додаде Кирби.

Тој, исто така, рече дека како што започнува да се шири вториот бран на пандемијата Ковид-19 во многу земји, а глобалното закрепнување е релативно бавно, централните банки ќе бидат принудени да ги одржуваат ниските клучни стапки.