Светска банка одвојува 12 милијарди долари за набавка и дистрибуција на вакцини

37

Светска банка одвои 12 милијарди долари за купување и дистрибуција на вакцини против коронавирусот, како и за тестови и лекови за борба против Ковид-19, реко претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас на состанок на министрите за финансии на Г20 и централните банки.

Парите од Светска банка ќе бидат наменети за население во 112 земји, а дел од пакетот во износ од 160 милијарди долари, ќе биде насочен кон последиците од пандемијата до 30-ти јуни следната година.

’Имам програма за итен одговор на здравствените проблеми во 112 земји и користиме брз механизам што сега овозможува пристап до 12 милијарди долари за набавка и испорака на вакцини“, рекол Малпас.

Фото: Pixabay