Светска банка ѝ предвидува раст од 7,9% на Кина во 2021 година

38

Растот на бруто домашниот производ (БДП) на Кина ќе достигне до 7,9 % следната година од 2% во 2020 година, се вели во извештајот на Светска банка.

Растот на БДП на земјата се предвидува да се врати на нивото на пред-пандемијата до 2021 година, како одговор на подобрената доверба на потрошувачите и бизнисот и подобрите услови на пазарот на трудот. Светска банка соопшти дека, Кина ќе мора да помине низ некои краткорочни неизвесности.

Во однос на монетарната политика, кинеската централна банка треба да се врати на поконвенционалните алатки, истовремено отстранувајќи ги целите за позајмување и олеснување – донесени за да и обезбедат на земјата насочена поддршка во контекст на економскиот шок Ковид-19, се вели во извештајот.

Според позицијата на водечки економист на Светска банка за Кина, а тоа е Себастијан Екарт, земјата ќе мора да го потенцира потенцијалот за раст на нејзините најразвиени и најиновативни урбани области и урбани кластери, со цел да се направи ребаланс на економијата.

Фото: Pixabay