Светска банка проектира економски раст од 1,5% во 2017 година

18

rast-biznis-pixabay

Фото: Pixabay

Најновата проекција на Светска банка за растот на македонската економија во 2017 година е 1,5%, јавува Миа.

БДП годинава ќе има раст од 1,5%, следната година 3,2%, а во 2019 година 3,9%.

Главни двигатели на растот се очекува да биде потрошувачката, поттикната од зголемувањето на вработувањата и инвестициите.

Светска банка очекува буџетскиот дефицит да биде до 3% од БДП годинава и дека тој ќе се намали до 2,2% до 2019 година.

Во извештајот е наведено дека економијата во Западен Балкан ќе има раст од 2,8% годинава, 3,2% следната година и 3,5% во 2019 година. Од земјите во регионот највисок раст на БДП е предвиден во Црна Гора 4,2%, потоа Косово 4,1%, Албанија 3,6%, БиХ 3%, Хрватска 2,9% и Србија 2,3%.

Според априлската проекција на оваа меѓународна финансиска институција растот на БДП во Македонија требаше да изнесува 2,8%.