Светската економија изгубила најмалку 126 милијарди долари

20

Меѓународната трговија се намали во сите четири тримесечја минатата година, а падовите се интензивирани и во овој период на пандемија на коронавирус.

Поради тоа, светската економија е во загуба од најмалку 126 милијарди долари, покажува новото истражување на Меѓународниот трговски центар.

Според извештајот на центарот, кинескиот извоз во февруари оваа година потонал за околу 21% во однос на претходната година.

Иако Кина во март малку се поправи, пандемијата почна да го погодува извозот од другите земји.

“Целосните ефекти на кризата сè уште не се видливи, бидејќи повеќето земји почнаа да ги затвораат границите кон крајот на март и април“, се наведува во извештајот, а податоците за овие месеци не биле достапни во моментот на истражувањето.

Блокадите во Кина, ЕУ и САД имале најголемо влијание на меѓународната трговија, бидејќи овие три економии, како што наведува, се главни играчи во глобалниот синџир на снабдување, па оттаму се важни увозници на суровини, делови и компоненти.

Во извештајот се наведува дека пандемијата погодила над 55% од малите и средни фирми.

Фото: Pixabay