Светските берзи со најголем неделен пад од октомври

12

На светските берзи, минатата недела цените на акциите забележаа пад поради загриженоста за ширење на коронавирусот, а инвеститорите се загрижени поради случувањата на Wall Street околу GameStop.

На Wall Street, индексот Dow Jones минатата недела се намали за 3,3% на 29.982 поени, додека S&P имаше пад од исто 3,3% и достигна 3.714 поени, а Nasdaq заврши во минус од 3,5% на 13.070 поени.

Почетокот на минатата недела го одбележа голем рекорд во вредноста, но сепак неделата беше завршена со најниска вредност уште од октомври минатата година.

Фото: Pixabay