Symbiotic towers – градби што ги спојуваат природата и архитектурата

21

shot-12-_final-render_04-s

Австралиското дизајнерско студио Amorphoustudio, со канцеларии во Сиднеј и Дубаи, го претстави својот најнов проект наречен Symbiotic towers, којшто се состои од станбена, деловна зграда и хотел поврзани со плоштад и трговски центар на долното ниво. Плоштадот нуди две различни животни средини коишто можат да се користат во различни годишни времиња, пишува Designboom. Првата односно, долната палуба, наликува на оаза со зеленило и дрвја, како и доволно вода што е од особено значење во топлиот период.

Втората има многубројни отвори на двете страни и е поврзана со првата палуба преку рампи. Тука, исто така, има дрвја коишто излегуваат од отворите на градбата. На некои од нив поставени се фотоволтаични чадори со цел да ја собираат сончевата енергија што потоа се користи во системот за вентилација на оазата.

Целиот проект е креиран за да одговори на климатските промени во Дубаи. Од мај до октомври сончевото зрачење е многу големо и затоа дизајнерите создадоа геометриски погодни кули што можат да го решат проблемот се екстремно топлото време. Оние станови што се изложени на висока радијација ќе имаат балкони што навлегуваат во внатрешноста на градбата и помали отвори на фасадата.

Креативниот дизајн придонесува за оптимални услови за живеење и работење, а истовремено ги спојува природата и архитектурата.

shot-13_final-render_06-sshot-29_final-render_09-sshot-27-final-render_05-s

Фото: Amorphoustudio