СЗО бара 11,5 милијарди долари за борба против делта сојот

32

Светската здравствена организација (СЗО) бара 11,5 милијарди долари во итни средства за борба против повеќе заразниот делта-сој од коронавирусот, пренесува Ројтерс.

Голем дел од парите што се бараат од партнерите на СЗО се потребни за купување тестови, кислород и маски за лице за посиромашните земји, како што се наведува во документот кој ќе биде објавен во текот на неделата. 

Програмата која беше започната од почетокот на пандемијата, и понатаму е недоволно финансирана, а неговите координатори стравуваат дека така ќе продолжи и понатаму, изјавил неименуван службеник за Ројтерс.

Фото: Pexels