СЗО: Дедо Мраз примил вакцина против Ковид-19

135

Дедо Мраз прими вакцина против коронавирус и ќе биде во можност на дечињата да им подели подароци ноќта меѓу 24-ти и 25-ти декември, соопшти официјалната претставничка од Светската здравствена организација (СЗО).

“Ја разбирам загриженоста поради Дедо Мраз, бидејќи е стар и се наоѓа во потенцијална група што е посебно изложеност од опасност од Ковид-19“, вели Марија ван Керкхове.

Таа додала дека “Дедо Мраз ја примил вакцината против коронавирусот“.

Според Керкхове, децата од целиот свет треба да сфатат дека Дедо Мраз строго ги почитува мерките за држење физичко растојание, што е една од клучните мерки за справување со пандемијата.

Фото: Freepik