СЗО и Viber во заедничка борба против дезинформации поврзани со Ковид – 19

30

Светската здравствена организација (СЗО) и Viber преку заедничко партнерство ќе работат на борба против дезинформациите што се поврзани со коронавирусот. Тоа ќе го направат преку достапен интерактивен чет бот.

Целта е да се даде значаен придонес во спречување на ширењето на лажните вести и неточните информации поврзани со овој вирус. За да може секој да има пристап до прецизни и јасни информации, чет ботот ќе биде достапен на 20-тина јазици. Се занимава со најчесто поставувани прашања и пренесување на актуелни информации поврзани со пандемијата.

“СЗО планира на овој начин да допре до што е можно поголем број луѓе и да им пренесе сигурни здравствени информации со помош на иновативни дигитални технологии. Информациите се моќ и можност да се спасат човечки животи во текот на оваа пандемија“, изјави Тедрос Адханом Гебрејесиус, генерален директор на СЗО.

Чет ботот е бесплатен и достапен за сите корисници на Viber во светот. Оваа мобилна апликација, исто така, ќе претстави и посебно дизајнирани стикери што ќе имаат за цел да ги поддржат здравствените работници, како и да шират оптимистички и позитивни пораки ширум светот.

Фото: Facebook