СЗО објави препораки како да се заштитите од Корона вирусот

284

Корона вирусот, којшто од кинескиот град Вухан почна да се шири низ целиот свет, од почетокот е сфатен сериозно, па во Кина на сила стапија голем број на мерки коишто би требало да го спречат неговото ширење.

Светската здравствена организација (СЗО) објави упатство што би требало, односно што не би требало да правиме, за да се заштитиме од овој агресивен вирус. И да, поедноставно е отколку што мислите.

Често миење на раце

Ставете марамче или рака на устата кога кивате

Штом добиете температура појдете веднаш на лекар

Упатете го докторот во својата историја на патувања

Не јадете сирово месо

Фото: Pexels