СЗО: Шест чекори што секоја земја мора да ги преземе за да спречи масовна смртност од Ковид- 19

120
Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус
истакнува шест чекори што секоја земја мора да ги преземе и да се прилагоди на своите уникатни потреби во борбата против вирусот. Со повеќе од милијарда нови луѓе во карантин оваа недела, СЗО направи едноставно барање: “Не ја пропуштајте оваа можност“.

Мерките за физичко растојание, како седењето дома, само го забавуваат ширењето на вирусот, но тоа само не може да го искорени. Откажаните настани, затворените училишта и наредбите за останување дома купуваат време на земјите да развијат насочени мерки за напад на вирусот.

“Ние досега надминавме бројни пандемии и кризи. Ќе го надминеме и овa. Прашањето е колку ќе платиме? Веќе изгубивме над 16.000 животи. Знаеме дека ќе изгубиме повеќе. Колку уште ќе бидат ќе одлучат постапките што ги преземаме и со одлуките што ги носиме сега“, рече генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус.

За таа цел, генералниот директор истакна шест чекори што секоја земја може да ги преземе, без оглед на големината или сценариото, за борба против вирусот.

1. Проширeте, обучете и распоредете ги своите јавни здравствени сили.

2. Имплементирајте систем за пронаоѓање на секој сомнителен случај.

3. Зголемете го капацитетот и расположливоста на тестирање.

4. Идентификувајте ги и прилагодете ги клучните објекти што ќе ги користите за лекување и изолирање на пациентите.

5. Развијте јасен план за контакт со карантин (со заразени).

6. Пренасочете ја целата влада да го потисне вирусот Ковид-19.

Фото: Pixabay