ТА Фибула со happy hour на Меѓународниот саем за туризам во Скопје

41

На Меѓународниот саем за туризам, туристичката агенција Фибула денеска ќе приреди неколку часовна забавна програма каде на сите посетители на штандовите на ТА Фибула и Хотел Изгрев во хала 2, ќе им биде овозможено да учествуваат во Фибула happy hour и да добијат вредни изненадувања.

Како дел од изненадувањата се планирани голем број патувања и екстремно високи попусти за летни аранжмани, како што се 7 дена all inclusive одмор во Турција, 7 ноќевања во хотел Изгрев, 7 ноќевања со вклучен превоз во Ханиоти и Полихроно, 50% попуст на аранжмани во Турција и многу други погодности.

На саемот за туризам, туристичката агенција Фибула ги промовира сите свои актуелни туристички дестинации и услуги за 2015 година, а посетителите кои ќе го искористат и саемскиот попуст на ТА Фибула од 5% на сите пакети и 20% попуст на сите аранжмани за Грција и за Турција, од Фибула ќе добијат и дополнителни промоции и привилегии како што се бесплатен престој за трето и четврто лице и 35% попуст за рана резервација.