Таблет прикажува какви би биле забите на пациентите

29

tablet

Фото: Youtube

Швајцарскиот старт – ап Kapanu ја користи проширена реалност (Augmented reality) за да им овозможи на пациентите да видат како би изгледале нивните заби пред да почне стоматолошкиот третман.

Станува збор за таблет со интегриран скенер што го скенира лицето на пациентот и само неколку секунди подоцна прикажува како би изгледале неговите нови заби. Софтверот користи 3D база за приказ на забите, а 3D скенерот зема отпечаток од вилицата на пациентот, за да може да се изработи протезата.