Тајмиште од Кичево за 12 месеци евидентираше 1,4 милиони денари добивка

72

tajmiste-kicevo

Акционерското друштво Тајмиште од Кичево, од јануари до декември лани, оствари вкупна сеопфатна добивка од 1.404.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на претходната година, компанијата прикажа добивка од 441.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на 2016 година изнесуваат 332.366.000 денари, додека заклучно со 31.12.2015 година беа на ниво од 317.843.000 денари.

Основни дејности на Тајмиште се: рударски услуги, производство на жичани услуги и угостителски услуги.