Тајмиште од Кичево за три месеци прокнижи 256.000 денари добивка

71

tajmiste-kicevo

Рударската компанија Тајмиште од Кичево во текот на првите три месеци од 2017 година прикажа добивка од 256.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првиот квартал од 2016 година, компанијата оствари вкупна сеопфатна добивка од 281.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви март оваа година, беа на ниво од 31.456.000 денари, додека истиот период лани изнесуваа 72.740.000 денари.

Основни дејност на Тајмиште од Кичево се: рударски услуги (транспорт, ископ, дупчење и минирање); производство на жичани производи (жичано плетиво, истегнат метал и браварија) и угостителски услуги (хотели – ресторани Хотел Кичево и Куќа на уметноста).