Тајванска компанија претвора ѓубре во убав домашен декор

27

Фото: Miniwiz

Тајванската инженерска фирма и пионер во технологијата за кружна економија, Miniwiz, оди чекор понатаму и сега ќе изработува мебел за дома од стар отпад, пишува Inhabitat. Овој иновативен проект се нарекува Куќа од ѓубре (House of Trash) и е во соработка со Pentatonic, a претставува дизајн на куќа со секојдневен декор и мебел што е изработен од отпад.

Во центарот на Милано, на Foro Bonaparte, се наоѓа дизјанерскиот модел на куќата декорирана со прототип на мебел и производи направени од вистински отпад.

Сè што е изложено, од шолји за кафе, преку садови за пакување и послужување на храна, до мебел и уметнички дела се прават со ѓубре. Исто така на изложбата ќе може да се види и посебна линија на модуларни компоненти на ткаенина, ткаени од отпад на италијански разбои. Декорот е збогатен со рециклирани дела на мултидисциплинарниот италијански ументник, Чезаре Леонарди.

Откако ќе заврши изложбата, куќата ќе остане перманентен изложбен центар, каде што компаниите што се занимаваат со “зелени” иновации ќе може истите да ги изложат и презентираат на јавноста.

Просторот ќе им овозможи на луѓето и компаниите од сите средини да дојдат и заедно да соработувааат на идеи кои се однесуваат на оддржливоста, рециклирањето и еколошката свест.