Такси услугите на Uber забранети во Њу Делхи

23

An illustration picture shows the logo of car-sharing service app Uber on a smartphone next to the picture of an official German taxi sign

Американската компанија за on line такси услуги, Uber доби забрана за работа во индиската метропола Њу Делхи, откако патничка пријавила дека била силувана од такси возач, јавува Ројтерс.

“Компанијата Uber, што вработи такси возач кој пред три години бил обвинет за силување, може да биде ставена на црната листа на провајдер на транспортни услуги во градот“, стои во соопштението на одделот за транспорт на индискиот главен град.

Според полицискиот извештај, 32-годишниот возач најпрво ја нападнал и силувал девојката, по што и се заканил да не кажува никому.

“Тоа што се случи за време на викендот во Њу Делхи е страшно. Ние ќе направиме се што е потребно за да може извршителот да се изведе пред лицето на правдата“, изјави Тревис Каланик, главен извршен директор на Uber.

Статистиките покажуваат дека Индија, во светски рамки, е четврта најризична земја за жените кои го користат јавниот транспорт. Во просек, жените во полицијата во Њу Делхи пријавуваат околу 40 напади дневно.