Таксистите лани превезле 13 566 000 патници

74

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, превезени се 13 566 000 патници, од кои 12 557 000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот превоз се превезени 1 009 000 патници.

Со 1709 патнички автомобили опфатени во истражувањето се изминати вкупно 58 135 000 километри, од кои 52 044 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 6 091 000 километри.

Податоците за такси-превозот се добиени од 235 извештајни единици.