Татко им подари акции од македонска компанија на своите деца

251

Од компанијата Раде Кончар Апаратна техника информираат дека врз основа на Договор за подарок на акции, акционерот Аце Антевски ги пренесе своите акции кои ги поседуваше во АД Раде Кончар Апаратна техника Скопје на својата ќерка Трајкоска Владанка и на својот син Антевски Горан.

Врз основа на горенаведеното, акционерот Трајкоска Владанка во моментов поседува 12.583 акции издадени од АД Раде Кончар Апаратна техника Скопје што претставува 6,1% од вкупниот број на акции, додека акционерот Антевски Горан во моментов поседува 18.213 акции издадени од АД Раде Кончар Апаратна техника Скопје што претставува 8,83% од вкупниот број на акции или двајцата заедно имаат вкупно учество од 14,93%.

Фото: Radekoncar.com.mk