ТАВ Македонија воведува автоматизирана паркинг наплата на скопскиот аеродром

24

ТАВ Македонија најавува дека од вторник на аеродромот Александар Велики во Скопје ќе воведе автоматизирано плаќање паркинг и цените ќе останат исти, пишува Миа.

Поставени се три паркинг машини, од кои две на паркинг просторот  и една во терминалната зграда, во салата за пристигнувања.

“Автоматизираното плаќање паркинг го воведуваме со цел поедноставување на паркинг услугите за нашите ценети патници, како и модернизација на процесите на работење во рамки на компанијата“, соопшти денеска ТАВ Македонија, компанија која оперира со македонските аеродроми.

Автоматизираното плаќање на Александар Велики ќе може да се прави и во готово и со платежни картички, исклучиво во денари.

Во првите денови од воведувањето на услугата вработени на ТАВ Македонија ќе стојат во близина на паркинг машините, со цел доколку има потреба да им помагаат на патниците во процесот на плаќање.