ТЕ Осломеј ќе се исклучи, се вклучува Блок 2 во РЕК Битола

19

АД ЕЛЕМ ја информира јавноста дека термоелектраната Осломеј ќе се исклучи и на нејзино место ќе биде вклучен Блок 2 во РЕК Битола.

Во соопштението од компанијата нагласуваат дека дефектот на системот за водено отпепелување во ТЕ Осломеј е отстранет и дека електраната може да работи по сите еколошки стандарди, меѓутоа поради  сензитивноста на проблемот и загриженоста на населението од околните места, раководството на АД ЕЛЕМ одлучило да го запре производството на електрична енергија во електраната.

Блок 2 во РЕК Битола  е веќе во мрежа, по превентивниот зафат во текот на викендот, и може непречено да се вклучи во производниот процес, известуваат од АД ЕЛЕМ.