Теал од Тетово оствари загуба од 9,7 милиони денари за девет месеци

26

teal tetovo

Компанијата Теал од Тетово оствари вкупна сеопфатна загуба од 9.754.000 денари, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата прикажа загуба од 6.492.000 денари.

Вкупните приходи од продажба достигнаа 114.694.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 33.138.000 денари, додека поголемиот дел од 81.556.000 денари отпаѓаат на странски пазари.

Вкупните приходи од продажба во првите девет месеци од 2014 година беа на ниво од 108.072.000 денари.