Компанијата Теал од Тетово првиот квартал од оваа година го заврши со загуба од 8.457.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.
Истото тримесечје лани, компанијата прикажа загуба од 7.917.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во период јануари – март 2016 година беа 20.143.000 денари. На домашен пазар отпаѓа продажба во висина од 1.580.000 денари, додека на странски пазари реализацијата достигна 18.563.000 денари.