Tegla’s – српски концепт за салати во тегла

90

tegla's

Брачната двојка Ивана и Владимир Елесин од Нови Сад се сопственици на продавницата Tegla’s во којашто се продаваат вкусни и здрави салати спакувани во тегла.

Нивниот локал е сместен во таканаречената Силиконска долина во Нови Сад во којашто работат 2.000 информатичари, бидејќи нивната таргет група се вработени кои се премногу зафатени со работа, но сакаат здрав и хранлив оброк, пишува Franchising.hr.

Bacon-Salad

“Сакаме да им понудиме на луѓето алтернатива во исхраната, а да биде доволно обилен и хранлив. Нашите салати во просек имаат по 300 грама и како такви претставуваат оброк, но може слободно да кажеме дека уште го учиме населението коешто е навикнато на друг начин на исхрана. Сепак, првиот ден кога го отворивме локалот, продадовме повеќе од 40 салати, што значи дека луѓето се подготвени за нешто поинакво и реакциите на потрошувачите се позитивни“, вели Владимир Елесин.

Fit-For-Fun

Тој вели дека засега имаат повеќе жени како клиенти, но полека почнуваат да ги придобиваат и мажите. Уште од почетокот размислуваа за формирање на концепт за франшиза.

Chicken-And-Broccoli

“Нашата франшиза, покрај преземање на брендот, ќе помогне околу маркетинг, опремување на локалот, како и комплетен пренос на знаењето во врска со рецептурата“, објаснува Елесин.

Tuna-Salad

Ивана и Владимир се особено горди поради тоа што развија eco friendly концепт, бидејќи за секои собрани 10 стаклени тегли, клиентите може да добијат салата за еден српски динар.