Заради технички проблем во системот на граничните премини, од грчка страна, во текот на денов до пладневните часови на трите гранични премини со Грција за влез во оваа земја ќе се пропуштаат само возила и патници –македонски државјани кои претходно во текот на годинава оствариле влез со листови.
Како што соопшти денеска МВР, за излез од Грција и влез во Република Македонија нема да има никаков проблем.
За државјаните од други земји нема да има пречки за влез во Грција.