Технолошкиот сектор го вивна Wall Street на рекордно ниво

40

На Wall Street, индексот S&P 500 достигна рекордно ниво минатата недела, во голема мерка благодарение на растот на секторот за технологија, додека на другите светски берзи инвеститорите се повнимателни заради бавното закрепнување на економиите.

Индексот Dow Jones остана практично непроменет минатата недела, на 27.930 поени, додека S&P 500 се искачи за 0,7 % на рекордни 3.397 поени и индексот Nasdaq 2,6 % на рекордни 11.311 поени.

Минатата недела, индексот S&P 500 се искачи над највисокото ниво во историјата досега, достигнато на 19 февруари и со тоа ги надомести сите загуби од избувнувањето на корона кризата, пренесува Seebiz.

Имено, од крајот на февруари до крајот на март, S&P 500 падна нагло како резултат на последиците од пандемијата на корона вирус. Сепак, се покажа дека е тоа беше најкратката доминација на “мечкин пазар“ во историјата затоа што, од 23 март, овој индекс скокна за 55 %, така што “бикот“ повторно завладеа на пазарот.

Индексот Nasdaq, кој достигна рекордно ниво во јуни, беше првиот што закрепна од влијанието на корона кризата. Минатата недела, индексот S&P 500, исто така, успеа да го стори тоа, додека Dow Jones е сè уште околу 6% под своето рекордно ниво, достигнато во февруари.

Брзото закрепнување на индексот од корона кризата е благодарение на досега невидените фискални и монетарни стимулативни мерки од страна на американските власти, вредни неколку илјади милијарди долари.

Овие фискални и монетарни стимули ги преплавија американските финансиски пазари со готовина, а во потрага по највисоки приноси, инвеститорите ги канализираа парите во акции.

Од 11-те сектори на индексот S&P 500, технолошкиот сектор, кој вклучува акции на Apple и Microsoft, порасна најмногу, околу 25 %, од почетокот на годината. Со раст од 23 %, го следи потрошувачкиот сектор, што најмногу се должи на силниот пораст на цената на акциите на Amazon.

Сепак, остануваат сомнежи за тоа колку е оправдано зголемувањето на цените на акциите на берзата, со оглед дека американската економија е во длабока рецесија и дека закрепнувањето веројатно нема да биде толку брзо како што се надеваа инвеститорите.

“Закрепнувањето на индексот S&P 500 беше импресивно и создаде многу богатство, но не сум сигурен дека ја отсликува состојбата на економијата. Растот на индексот е повеќе последица на инфлацијата на средствата, што беше поттикнато од високата ликвидност, постојана фискална и монетарна поддршка за економијата, како и послабиот долар“, вели Патрик Лери, стратег во Incapital.

А дека ситуацијата во економијата не е многу импресивна, покажа запсиникот од неодамнешниот состанок на лидерите на американската централна банка минатата недела.

Пандемијата на коронавирус „во голема мерка ќе влијае на економската активност, вработувањето и инфлацијата и претставува сериозен ризик за економскиот изглед на среден рок“, се вели во записникот од седницата на ФЕД, оставајќи ги каматните стапки непроменети и порачувајќи дека на стопанството му е потребна парична поддршка.

Челниците на ФЕД веруваат дека стопанството сè уште има потреба од фискални стимули, бидејќи растот на вработеноста во последно време забавува, по силното закрепнување во јуни и јули.

Акциите на Apple беа меѓу најголемите победници минатата недела, така што пазарната вредност на овој технолошки гигант надмина два билиони долари долари. Така, Apple стана првата американска компанија на која ѝ успеа такво нешто.

Фото: Freepik