Техномаркет со донација го одбележа и поддржа месецот на аутизмот

23

tm1

Техномаркет ја врачи донацијата во Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам, Во мојот свет, по повод април – месецот на аутизмот. Со средствата што се собраа преку кампањата во текот на месец март, Техномаркет го опреми Здружението со најсовремени технички апарати на кои ќе се инсталираат програми за орална анимација и музичка подлога за подобро совладување на говорот кај лицата со ова нарушување. Во донацијата беа вклучени таблети, телевизор, лаптоп, надворешен хард диск и други неопходни средства.

“Ја поздравуваме оваа акција на Техномаркет преку која компанијата ја покажа својата хумана страна. Благодарни сме и што ни помогна да ја актуализираме целта на постоењето на нашето здружение и да ја подигнеме свеста за потребите на лицата со аутизам“, изјави Златко Стојановски, претседател на Здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром, Во мојот свет.

Кампањата беше спроведена во текот на месец март кога за секој купен производ во продажните салони на Техномаркет, дел од средствата се издвојуваше за реализирање на оваа донација.

„Пред сè би сакале да им изразиме голема благодарност на сите граѓани што учествуваа во оваа кампања и на тој начин ја поддржаа. За Техномаркет е општо познато дека секогаш им излегува пресрет на ранливите категории од нашето општество и го олеснува нивното функционирање. Спроведувањето на оваа донација во Здружението на граѓани Во мојот свет, не прави особено горди затоа што на тој начин придонесуваме за негова подобра работа од практичен аспект и го помагаме социјализирањето и напредокот на неговите членови“, изјави Марија Ристовска, маркетинг менаџер во Техномаркет.

Ланецот на продавници Техномаркет, со оваа акција, само уште еднаш ја покажа својата општествено одговорна страна, ја продолжи низата на акции од таков тип и со донацијата овозможи Здружението и вработените во него да функционираат подобро и да им пружат подобра нега, асистенција и социјализација на членовите.