
Според податоците објавени од Државниот завод за статистика цените на услугите во одделот Услуги за телекомуникации во четврто тримесечје од 2025 година пораснале за 2,3 % во споредба со четврто тримесечје од 2024 година
Во четвртото тримесечје од 2025, во споредба со четвртото тримесечје од 2024 година, цените на услугите за транспорт и складирање пораснале за 0.7 %.
Според видовите транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 0.7 %, додека кај поштенските и курирските услуги остануваат непроменети.
Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст од 2.3 % во одделот Телекомуникации.
Опфатени се секторите Ж – Услуги за транспорт и складирање и Ѕ – Услуги за информации и комуникации според Класификацијата на производите по дејности (КПД).
Главни поенти
Цените на услугите во четвртото тримесечје од 2025 година во однос на четвртото тримесечје од 2024 година се зголемиле за:
0.7 % кај копнениот и цевководниот транспорт
2.3 % во одделот Телекомуникации,
а остануваат непроменети кај поштенските и курирските услуги











