Термал Комфорт го изведе соларниот систем во Општа болница Гостивар

32

Термал Комфорт е компанија која нуди изведба на системи во сите мали и големи станбени и деловни објекти, изведени по најстроги стандарди за енергетска ефикасност и термичка удобност во текот на 365 дена во годината со примена на топлинска пумпа како најефикасен метод на трансформација на електричната енергија во топлинска без никакви загуби. Ваквите системи ја оправдуваат инвестицијата со повраток на средствата во однос на потрошувачката на енергија во првите пет години на користење.

Ова лето Термал Комфорт го изведе соларниот систем во Општа Болница Гостивар. Системот беше дел од Проектот за заштита на здравјето од климатските промени- подобрување на енергетската ефикасност и воведување на обновливи извори на енергија во здравствени институции. Исто така, Термал Комфорт склучи договори со неколку фирми од странство за пласирање на нашиот пазар на топлински пумпи како број еден производ за греење и ладење со висока енергетска ефикасност