Tesla доби дозвола да ја исече шумата за да гради Gigafactory во Берлин

113

Американската компанија Tesla доби дозвола од судот во Германија да продолжи со сечата на шумата во близина на Берлин за да ја изгради првата Gigafactory во Европа, пишува Reuters.

Судот ги отфрлил пријавите за запирање на сечата од страна на неколку еколошки друштва, додавајќи дека неговата пресуда е конечна.

Американскиот производител на електрични автомобили на Илон Маск минатата година најави дека во Берлин ќе биде изградена нова Gigafactory.

Gigafactory 4 ќе биде во Берлин, а претходните три такви фабрики се во: Невада, Њујорк и Шангај.

Фото: Pexels