Tesla има биткоини вредни 2,5 милијарди долари

66

Американскиот производител на електрични автомобили, Tesla има биткоини чија вредност во овој момент се проценува на околу 2,5 милијарди долари. Ова значи дека компанијата на Илон Маск има значителна добивка само неколку месеци откако инвестираше во најпознатата криптовалута.

Компанијата во официјалните документи испратени со американската Комисија за хартии од вредност наведува дека нејзината инвестиција во нестабилна дигитална валута на крајот на март вредела 2,48 милијарди долари, пренесува CNBC.

Tesla на почетокот на оваа година објави дека купува биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари и планира да ја прифати криптовалутата како средства за плаќање при купување на неговите возила.

Според кварталниот финансиски извештај, Tesla од продажба на биткоини заработи 101 милиони долари што придонесе за зголемување на нето добивката на компанијата и тоа на рекордно ниво.

Фото: Pixabay