Tesla со рекордна добивка во првиот квартал

29

Производителот на електрични автомобили, Tesla во првиот квартал од оваа година оствари рекордна нето добивка од 438 милиони долари или 93 центи по акција, надминувајќи ги очекувањата на трговците на Њујоршката берза.

Сепак акциите на компанијата се намалија за 3%, откако инвеститорите ги анализирале финансиските показатели што упатуваат на тоа дека добивката се заснова на продажба на биткоин и државни кредити за придонес кон нулта загадување на животната средина, а производителите кои имаат вишок можат да го продадат на други компании.

Вкупните приходи на Tesla во првите три месеци од оваа година достигнаа 10,39 милијарди долари во однос на очекуваните 10,29 милијарди, што е за 74% повеќе одошто во истиот период 2020 година.

Компанијата во првото тримесечје имала 518 милиони долари приходи од продажба на регулаторни кредити, а исто така се регистрирани позитивни ефекти од продажба на биткоини во вредност од 101 милион долари.

Според податоците, компанијата на Илон Маск од јануари до крајот на март испорача 184.800 автомобили Model 3 и Model Y, со што ги надмина пазарните прогнози и постави нов рекорд на Tesla.

Фото: Pixabay